Дома Фудбал Италија Зошто Јувентус го избрка најдобриот генерален менаџер во светот?

Зошто Јувентус го избрка најдобриот генерален менаџер во светот?

agneli marota

Она што Бепе Марота го направи за клубот ќе остане во аналите, но ќе мора да го напушти клубот.

Во денот на победата над Наполи со која Јувентус покажа дека е далек упред сите ривали во Серија А, како бомба на Апенините одекна веста дека главниот оперативец на клубот, Бепе Марота го напушта клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој потврди дека неговиот договор истекува на 25 октомври и дека нема да добие продолжување, одлуката наводно е на Ањели.

Според информациите Марота бил разочаран, ги отфрли шпекулациите дека оди во сојузот, а постојат неколку теории зошто Ањели се откажал од веројатно најдобриот оперативец во овој момент.

Во прашање е човек кој учествуваше во изградбата на големиот Јувентус, неодамна ја доби наградата за најдобар генерален менаџер во светот.

После осум години заминува, наводно на луѓето од Неапол им се доверил дека дошло до судир на мислењата со Андреа Ањели.

Што се случило?

Не е Роналдо во прашање, постои шпекулација дека Марота не се согласлувал со размената во која Бонучи е вратен во клубот, односно со заминувањето на Игуаин и Калдара. Тој сметал дека е најдобро Аргентинецот да биде продаден во Челзи, а Калдара да се задржи. Додуша, Калдара не е во прв план во Милан, Бонучи јасно е стандарден кај Јувентус, иако баш и не блеска.

Втората приказна е неговата десна рака Партичи. Односно, Партичи наводно имал понуди од Јунајтед и Рома, па Јувентус сега ќе го промовира како наследник на Марота и на тој начин ќе го задржи во клубот.

Третата теорија е дека се расчистува просторо за враќање на Зидан и дека тој ќе го превземе местото на Марота, но засега нема никаква потврда на тие информации.

Од друга страна Марота сигурно нема да има проблем да пронајде нова работа.

Во секој случај неочекуван потег, но веќе станува сосема јасно дека Јувентус нема милост ни кон најдобрите. Очигледно дошло до некакво недоразбирање, па Марота морал да ја прифати одлуката.

Како тоа ќе се одрази на клубот останува времето да покаже…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стигна потврда: Рангник и Баерн ги договараат последните детали

Баерн Минхен ги договара последните детали со новиот тренер кој ќе го наследи Томас Тухел …