Дома Фудбал Репрезентации Зошто Јапонија и Катар играат на Копа Америка?

Зошто Јапонија и Катар играат на Копа Америка?

Овогодинешното издание на континенталното првенство на Јужна Америка беше отворено во ноќта помеѓу петок и сабота со натпревар помеѓу домаќинот Бразил и репрезентацијата на Боливија.

Бразил ја реши Боливија со (3:0), а сега љубителите на фудбалот се спремаат за продолжување на возбудувањата, што секогаш може да се очекуваат од јужноамериканскиот фудбал и Копа Америка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа оние кои во минатото не ја следеле премногу Копа Америка ќе биде изненадени кога ќе дознаат дека на турнирот учествуваат Катар и Јапонија.

Зошто Катар и Јапонија играат на Копа Америка?

Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) има само десет членки и поради тоа за секо издание на Копа Америка се испраќаат повици до дополнителни репрезентации за форматото на натпреварувањето да биде функционален.

Во 2016 година на Копа Америка играа 16 репрезентации. Повик добија три северонамерикански и три централноамерикански репрезентации, а натпреварувањето се одржа во САД.

Сепак, во мај 2018 година КОНМЕБОЛ одлучи форматот на турнирот да се врати на оној кој се користеше во 1993 година – со 12 репрезентации.
Така за ова издание на Копа Америка повик добија Јапонија и Катар?

Има ли финалето на Азискиот куп некаква врска со учеството на Јапонија и Катар на Копа Америка?

Не…Катар во фианлето на Азискиот куп во 2019 година ја совлада Јапонија со 3:1 и стана континентален шампион, а многумина помислија дека споменатите две репрезентации за Копа Америка на некој начин се квалификуваа со учеството на финалето во првенството на Азија. Меѓутоа тоа не беше случај.

Чиста случајност е што на Копа Америка се повикани репрезентации кои играа финале на последниот Азиски куп.

Инаку, Катар се најде во групата Б со репрезентациите на Аргентина, Колумбија и Паргвај, додека Јапонија ќе ги одмери силите со Уругвај, Чиле и Еквадор во групата Ц.

Треба да се потсети дека Јапонија веќе еднаш играше на Копа Америка и тоа во 1999 година на турнирот во Паргвај. Тогаш Јапонија заврши како последнопласирана во групата во која се наоѓаа уште Паргвај и Боливија.

Што е со Мексико?

Претходниот пат кога беа повикани две репрезентации на Копа Америка учествуваа Мексико и Јамајка.

Мексико беше редовен гости на Копа Америка, но работите се променија.

Мекико на овогодинешното издание на Копа Америка на прв поглед не учествува од очигледни причини, но КОНМЕБОЛ веќе соопшти дека Мексико нема да игра на Копа Америка ниту во 2020 година. Поточно е соопштоено дека тогаш ќе играат селекциите на на Австралија и Катар.

Оваа година Мексико не беше во можност да игра затоа што во исто време се игра Голд Купот (во организација на КОНКАКАФ каде што припаѓа и Мексико). За наредната година нема некое објаснување, па Мексико така ќе пропушти два контиентални на Јужна Америка во низа.

Изгледа дека гласините за конфликт помеѓу КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ се точни. Доволно е да се знае дека Мексико не беше гостин на Копа Америка, туку редовен учесник од 1993 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…