Ливерпул во неделата на гостински терен славеше против Кардиф со 2:0 и така ја продолжи трката со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.
„Црвените“ со головите на Ванијалдум и Милнер од пенал дојдоа до сигурна победа и тие и понатаму се лидер со надеж дека Манчестер Јунајтед ќе им помогне така што ќе го запре Сити во дербито на Манчестер утре вечер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа тој гол на Милнер од пенал донесе мала тензија во тимот на Ливерпул. Имено, Египќанецот Салах сакаше да го изведе тој пенал, но Милнер кој е задолжен за пеналите не му дозволи.
Салах беше разочаран што јасно се гледа на снимката, а потоа и не го славеше тој гол со соиграчите.
Тоа доведе до расправа помеѓу навивачите на Ливерпул за тоа дали Салах кој во овој момент се бори со Агуеро за титулата најдобар стрелец требаше да го изведе тој пенал.
Мислењата се поделени, едни сметаат дека Милнер требало да му дозволи на Салах, а други пак дека победата е најважна и дека Салах треба да е во функција на тимот, а не да води лични трки.
Yes Milner is number one for penalty kicks but Salah wanted to be the league's top scorer and we're ahead and it will increase his confidence. I really feel bad for Mo! pic.twitter.com/XCoDa0PjPO
— Castle of the Kop (@castleofthekop) April 21, 2019