Зошто Баерн Минхен се откажа од Лерој Сане?
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англичаните молчеа, Германците пишуваа уште вчера, Сане не потпиша со Баерн бидејќи се покажа дека повредата која фудбалерот ја заработи во Комјунити Шилд против Ливерпул е посериозна.
И „Билд“ и „Кикер“ пишуваа дека на Сане му настрадале колената и дека тоа не е наивна повреда. Кога е веќе така зошто Баерн би превземал ризик да плати огромна оштета, а покрај тоа и да го направи Сане најплатен играч во Бундес лигата со 18 милиони евра како што беше договорено.
Се очекува Сане да биде звучното засилување на Баерн, но тоа не се случи.
Треба да се спомене и дека Сане ќе беше првиот играч за кој Баерн платил повеќе од 100 милиони евра.