Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд дебитираше во дресот на Јунајтед во натпреварот против Пари Сен Жермен.
Гринвуд на теренот во Париз истрча во 87-та минута кога го замени Ешли Јанг. На тој начин Гринвуд стана најмладиот фудбалер за Јунајтед кој настапил во Лигата на шампионите (17 години).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неделата која изминува за Гринвуд беше навистина фантастична.
Започна и како секоја друга со школските обврски и тренинзите, а потоа во вторник дојде повикот и патувањето со тимот во франуската престолнина. Можеби и самиот Гринвуд не очекуваше, но доби шанса да ја почуствува магијата на Лигата на шампионите.
Интересно е што веќе денес овој фудбалер се врати во школските клупи на неговите училишни обврски.
Поради еден детал кој беше забележан на фотографиите може да се заклучи и дека во Јунајтед не очекувале Гринвуд да истрча на теренот.
Имено, човекот задолжен за дресовите кај Гринвуд ги користел броевите од фудбалерите на ПСЖ. Токму поради тоа на дресот на Гринвуд можеше да се забележи логото на Пари Сен Жермен.
Како и да е сигурно дека на навивачите на Јунајтед најважно им е што нивниот тим игра одлично и што ќе имаат можност да го гледаат во четвртфиналето заедно со најдобрите тимови во Европа.
Looks like Manchester United were not 100% ready for Mason Greenwood to play ? pic.twitter.com/c78Q0MNFHQ
— B/R Football (@brfootball) March 8, 2019