Дома Фудбал Останато Зошто Моџи не би го купил Роналдо и како Зидан завршил во Реал Мадрид…

Зошто Моџи не би го купил Роналдо и како Зидан завршил во Реал Мадрид…

moggi

Tимот на Јувентус ова лето направи вистински бум на трансфер пазарот доведувајќи го Кристиано Роналдо во своите редови, на таа тема за италијанските медиуми помеѓу другото зборуваше и поранешниот трансфер гуру на Јувентус, Лучијано Моџи.

Повозрасните љубители на фудбалот веројатно веќе добро ја знаат приказната дека Кристиано Роналдо можел да заврши во Јувентус на само 18 години, но тогаш проблем натправил фудбалерот Марсело Салас.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Се сеќавам кога на 18 години за прв пат го видов…Веќе следното утро испратив понуда до Спортинг од пет милиони лири и договорот на Марсело Салас. Се беше договорено, Кристиано практично беше наш играч, но…Салас во меѓувреме посака да се врати во Ривер Плата. Тоа го искористи Манчестер Јунајтед и брзо ја заврши работата. Останатото веќе го знаете…“.

Дали вие го предложивте купувањето на Роналдо ова лето?

„Не, тоа е работа на луѓето од Фиат“.

Дали денес би го купиле Роналдо?

„Гледајќи го маркетингот, Јувентус направи фантастична работа. Но јас никогаш не би купил некого на 33 години за цената која ја плати Јувентус. Пред се, никогаш не би го направил тоа пред да го продадам Игуаин кој обезбедува барем 20 голови по сезона“.

„Прво би го продал Игуаин за 50 милиони евра, а потоа би го објавил трансферот на Роналдо“, изјави Моџи кој потоа откри и како Зидан завршил во Реал Мадрид.

„Сакате да знаете како Зидан заврши во Реал? Еден ден мојот пријател Флорентино Перез ме повика и ми кажа: Слушај, ќе станам претседател на Реал, а ако го доведам Зинедин Зидан тоа сигурно ќе се случи. Јас му одговорив: Слушај, ја сум за тоа за ти да станеш претседател на Реал, но не знам дали можам да ти го продадам Зидан, тој е наш најдобар играч“…

На крајот Зидан сепак заврши во Реал…

„Да…Кога сфатив дека Перез навистиан ќе стане прв човек на Реал ја искористив ситуацијата. Стапив во тајни контакти со Серџо Краноти (тогашниот претседател на Лацио) и го купив Павел Недвед, а од Парма ги доведов Буфон и Турам. Никој не знаеше ништо за Зидан во тој момент. Потоа Зидан го продадов за огромна во тоа време“, откри Моџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…