Дома Фудбал Зошто Куман се расправаше со клупата на Јувентус?

Зошто Куман се расправаше со клупата на Јувентус?

Јувентус вчера на гости со 0:3 ја победи Барселона и така заврши како првопласиран во групата. Роналдо постигна два гола од пенал, а еден додаде Вестон Мекени.

Во еден момент Куман тргна кон клупата на Јувентус и имаше расправија. По натпреварот тој откри за што станувало збор.

„Не ми се допадна тоа што клупата на Јувентус бара втор жолт картон за Ленгле“, изјави Куман.

Стратегот на Барселона не беше задоволен и од судењето.

„Натпреварот го изгубивме во првиот половина час кога игравме навистина лошо, ни фалеше агресивност во средниот ред. Јувентус беше посебно добар во тој период и заслужено победи. Но, многумина ќе се сложат со мене дека критериумот на судиите не беше еднаков. Првиот пенал за Јувентус беше непостоечки,  тоа не беше старт за пенал. Кога тоа беше пенал, мораше да има санкција и за прекршокот врз Меси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…