Eлиф Елмас со магична вечер во која постигна два гола ја сруши Словенија во Скопје.
Селекторот Игор Ангеловски после неговиот настап остана без коментар – се кажа на теренот, изјави Ангеловски на конференцијата после натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Македонија утре ја очекува натпревар против Полска.
Пред овој натпревар нашиот селектор имаше интервју за „Gonfialarete“ и во тоа интервју доби прашање за подефанзивната улога која ја игра Елмас во Наполи за разлика од онаа во нашата репрезентацијата.
„Анчелоти е голем тренер и јас ја почитувам неговата одлука. И јас и тој пред се треба да се смреќни што можеме да сметаме на играч кој може да игра на повеќе позиции во средниот реден“, гласеше одговорот на Ангеловски.
Потоа следуваше прашање за капитенот Горан Пандев.
„Горан е нашиот најголем фудбалер во историјата и покрај она што сите го гледаат на теренот тој има огромен придонес за младите играчи за кои е еден фантастичен пример. Горд сум што имам прилика да работам со него“, изјави Ангеловски.