Манчестер сити го совлада тимот на Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но големо внимание привлече детал од финишот на првиот дел.
Џуд Белингам успеа да му ја украде топката на голманот Едерсон, кој потоа го удри по нога младиот фудбалер на Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За судијата од Романија ова беше прекршок врз голманот, а Белингам доби дури и жолт картон, иако со оваа одлука по мечот не се сложија фудбалерите на германскиот тим.
Апсурдно е што ВАР не можеше да реагира поради уште една грешка на романскиот судија. Имено, тој свирна фаул пред топката да ја мине гол линијата, па поради тој факт луѓето од ВАР собата не можеа да реагираат на грешката на судијата.
Фановите и играчите на Борусија Дортмунд останаа бесни поради оваа неправда, која може да го чини елиминација од ЛШ.
Eindeutiger geht es nicht er hält auf keinen Fall den Fuß drauf ist eher noch ein Foul von Ederson als von Jude Bellingham ehrlich schlecht für so einen großen Wettbewerb pic.twitter.com/z02gzcf7N4
— Nico (@7Nxcco) April 7, 2021