Дома Фудбал Лига на шампиони Зошто Алисон во вчерашниот натпревар за прв пат носеше сив дрес?

Зошто Алисон во вчерашниот натпревар за прв пат носеше сив дрес?

Ливерпул вчера направи голем пресврт во полуфиналето од Лигата на шампионите и со 4:0 ја исфрли Барселона и обезбеди место во големото финале.

„Црвените“ во првиот натпревар на „Камп Ноу“ беа поразени со 3:0 и изгледаше дека во овој двомеч се е решно, но избраниците на Клоп приредија сензационален пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од хероите на овој натпревар беше голманот Алисон кој одбрани неколку одлични прилики на играчите на Барселона. Освен поради одбраните, Алисон приивлече внимание и со својот дрес.

Имено, Алисон за прв пат оваа сезона настапуваше во сива гарнитура на дресови, Ливерпул објави дека овој дрес не може да се купи бидејќи е посебно дизајниран за натпреварот против Барселона.

Главната причина поради која Алисон не беше во вообичаениот дрес е што тој е скоро ист како бојата на дресовите во кои настапуваат фудбалерите на каталонскиот тим.

Поради тоа Ливерпул беше приморан да пронајде некое решение, а спонзорот „Њу Баланс“ брзо реагираше. На навивачите им се допадна дресот, но за жал тие не можат да го купат затоа што го нема во продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…