Дома Фудбал Знаете ли кои клубови освојуваа бодови против Реал оваа сезона?

Знаете ли кои клубови освојуваа бодови против Реал оваа сезона?

real madrid

Реал Мадрид во неделата со уште еден резултат ги разочара своите навивачи, беа поразени на гости кај Рајо Ваљекано од 1:0.

Ембараба со голот од белата точка во 23-тата минута му донесе победа на Рајо кој така стана 14-тиот клуб оваа сезона кој му земал бодови на Реал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога ова ќе се спореди со минатата сезона ќе се види дека Реал остварил полош резултат бидејќи само 11 тимови во сезоната 2017/2018 ја направи истата работа и тоа откако сезоната беше завршена, додека актуелната се уште е во тек.

Еспањол, Реал Ваљадолид, Селта Виго и Хуеска се единствените клубови кои ги изгубиле натпреварите на гости и дома против Реал оваа сезона, додека Реал Бетис кој ќе го посети „Сантијаго Бернабеу“ во мај се надева дека ќе му врати на Реал за поразот од 2:1 во јануари.

Барселона е единствената екипа која го совладала Реал Мадрид во двата натпевар, прво 5:1 на домашен терен и 1:0 на гости, додека Реал Сосиедад тоа може да го постигне ако го победи Реал во натпреврот кој се игра во мај.

Алавес, Леванте, Еибар, Валенсија и Жирона освоиле три бода против Лос Бланкоси, додека Атлетико Мадрид, Легенес, Гетафе, Атлетик Билбао и Виљареал освојуваа по еден против гигантот од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…