Оваа сезона англиските клубови забележија голем успех во Европа, Челзи и Арсенал вчера го одиграа финалето во Лигата на Европа (4:1), додека во сабота во последниот натпревар од Лигата на шампионите за оваа сезона ќе играат Тотенхем и Ливерпул.
На Островот на големо се слави ваквиот учинок во европските натпреварување, но поради еден податок среќата на Англичаните не може да биде комплетна, барем не кога во прашање е Лигата на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Забележавте ли колку Англичани играа во вчерашното финале?
Во редовите на освојувачот Челзи настапи само еден англиски фудбалер и тоа ги одигра последните 14 минути од натпреварот. Рос Баркли вчера го замени Хрватот Матео Ковачиќ на 14 минути пред крајот и така ја „одбрани“ честа помеѓу Англичаните во таборот на „сините“.
Кога ќе го погледнеме и составот на Арсенал се доаѓа до заклучок дека од вкупно 22 играчи кои настапија во финалето, само тројца биле Англичани.
Во почетните состави имаше само еден, Митланд-Нилс кај Арсенал, а во вториот дел покрај споменатиот Баркли кај Челзи во Арсенал шанса доби Џек Вилок.
Интересно е што во стартниот состав на Арсенал кој вчера Емери го испрати на терен во финалето имаше фудбалери со 10 различни националности: Чех (Чешка), Сократис (Грција), Кошчиелни (Франција), Начо Монреал (Шпанија), Митланд-Нилс (Англија), Тореира (Уругвај), Џака (Швајцарја), Колашинац (Боцна и Херцеговина), Озил (Германија), Лаказет (Франција), Обамејанг (Габон).
Како што може да се забележи единствени кои беа сонародници се Лаказет и Кошчиелни.
Во стартниот тим на Челзи беа измешани шест националности: Кепа Аризабалага, Цезар Аспиликуета, Педро (Шпанија), Андрес Кристијансен (Данска), Емерсон и Жоргињо (Италија), Нголо Канте и Оливие Жиру (Франција), Матео Ковачиќ (Хрватска), Давид Луиз (Бразил) и Еден Азар (Белгија).