Дома Останати Кошарка НБА Знаевте ли дека и во НБА лигата судија може да намести натпревар?

Знаевте ли дека и во НБА лигата судија може да намести натпревар?

Скандалот кој ја потресе најсилната кошаркарска лига во светот пред 10 години.

Во Европа често пати се зборува за наместени натпревари, посебно тоа е случај во светот на фудбалот, но ретко кога за таква тема се зборува во НБА лигата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, пред 10 години кошаркарскиот судија Тим Донах заврши зад решетки токму поради учество во наместен натпревар во најсилната лига во светот.

Донах беше прогласен за виновен и служеше затворска казна од 15 месеци поради измама и пренесување информации за натпреварот.
Никогаш не беше докажано дека наместил НБА натпревар, осуден е затоа што се обложувал на натпреварите кои ги сдуел.

„ЕСПН“ малу подетално се позанимава на оваа тема, но за почеток како судија може да намести кошаркарски натпревар?

Најлесно е тоа да го направи со досудувањето голем број прекшоци и на тој начин да им даде прилика на играчите да постигнуваат лесни поени од линијата за слободни фрлања.

Иако постојат сомневања дека Донах правел нешто такво, никогаш не е докажано дека со намера досудувал прекршоци без основа, туку дека премногу буквално ги применувал правилата на играта.

Затоа оние кои ги испитувале неговите одлуки не пронашле ништо сомнително.

Сепак, според одредени извори на „ЕСПН“, Тим Донах тоа го правел на друг начин.

Тој во раната фаза од натпреварот досудувал прекршоци против екипата на која играл, за да имаат поголеми проблеми во дефанзивата. Во извештајот на „ЕСПН“ анализирани биле 40 натпревари на Донах во сезоната 2006/2007 кога наводно добивал по 2.000 долари доколку страната за која тој тврди навистина победи.

Анализата покажала дека имал скор 23-3-4, значи 23 пати победувала екипата која тој сакал да победи, десет натпревари се отфрлени поради тоаш то биле завршени со убедлива победа на еден од тимовите.

„ЕСПН“ пренесува и изјава на еден коцкар чие има го држат во тајност кој тврди дека Донах повеќе прекршоци свирел за екипата против која се обложувал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Монструозниот забивач од НБА на 35 години објави крај на кариерата

Aмериканецот Блејк Грифин објави дека става крај на неговата голема кариера. Грифин ја нап…