Изгледаше повеќе од извесно, но работите изгледа се менуваат…
Пред неколку месеци изгледаше како сигурно – Лука Модриќ според многумина незаслужено беше прогласен за најдобар во Лигата на шампионите, иако Роналдо постигна 15 голови на патот на Реал до новата европска круна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не се појави на доделувањето на наградите, а тогаш Хрватот ја собра и титулата најдобар од ФИФА, најмногу поради одличниот Мундијал со Хрватска.
Сепак признанието кое најмногу се вреднува е она од „Л’Eкип“, „Златната топка“, Модриќ е и понатаму фаворит, но коефициентите се менуваат, оној на Португалецот е во пад.
Тоа е така затоа што Модриќ од почетокот на сезоната е непропознатлив, а не му оди во прилог и тоа што Реал го има најлошиот старт во историјата, а тука повторно се поврзува со отсуството на Роналдо.
Ова е и најголем адут на оние кои сметаат дека Роналдо повеќе ја заслужува оваа награда. Роналдо во Јувентус постигна седум голови на девет првенствени натпревари, но забележа и пет асистенции.
Самиот Роналдо во вчерашното интервју за „Франс Фудбал“ беше „скромен“.
„Ја знам дека ја заслужувам шестата Златната топка“, изјави Португалецот.
Што ќе се случи останува да видиме на 3-ти декември, а можеби и порано во случај Роналдо да најави дека нема да се појави на доделувањето на наградата.