Дома Останати Кошарка НБА Зион до рекорд на кариерата, трипл-дабл за Леброн и Јокиќ (ВИДЕО)

Зион до рекорд на кариерата, трипл-дабл за Леброн и Јокиќ (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерси на гости славеа против Њу Орлеанс Пеликанс со 114:122, а одличен натпревар одигра Леброн Џејмс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изедначен натпревар победникот беше одлучен во последната четвртина кога гостите го решија во своја корист. Зион Вилијамсон уште еднаш покажа дека во иднина може да биде голем играч и мечот го заврши со 35 поени и тоа му беше рекорд на кариерата.

На другата страна Леброн беше фантастичен и со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси. Натпреварот „кралот“ го заврши со 34 поени, 13 асистенциии и 12 скокови.

Трипл-дабл запиша и Никола Јокиќ во победата на Денвер над Торонто со 133:118. Српскиот кошаркар имаше учинок од 23 поени, 18 скокови и 11 асистенции.

До победи стигнаа уште Вашингтон над Голден Стејт (110-124) со 34 поени на Бредли Бил и Сакраменто над Детроит со (133:118).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…