Раководството на Манчестер Јунајтед постигнал значителен напредок во обидите да го убеди Зинедин Зидан да го прекине одморот и да го замени Оле Гунар Солскјаер на „Олд Трафорд“.
Првично се тврдеше дека поранешниот тренер на Реал Мадрид не сака да оди во Премиер лигата и единствено би прифатил ангажман во репрезентацијата на Франција или Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, според англиските медиуми Зидан е спремен да ја прифати понудата и повторно да соработува со неговите поранешни играчи во Реал, Кристиано Роналдо и Рафаел Варан.
Единствен проблем во моментов е позицијата на неговата сопруга Вероника, за која се тврди дека воопшто не ја привлекува можноста да живее во Манчестер и инсистира нејзиниот сопруг да го продолжи својот одмор во очекување на поатрактивна понуда.