Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе има големи кадровски проблеми за првиот меч оваа сезона.
„Кралевите“ во недела му гостуваат на Реал Сосиедад, а Зидан нема да може да смета дури на девет фудбалери за овој меч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бејл заминува за Тотенхем, а Азар, Јовиќ, Одегард, Милитао, Васкес, Маријано Дијаз и Марко Асенсио се повредени и тренираат индивидуално.
Иско се очекува наскоро да му се придружи на остатокот од тимот, но најверојатно и тој нема да може да игра на „Сан Себастијан“.
Така Зидан ќе располага само со 17 фудбалери од првиот тим и ќе ја дполни групата со фудбалери од младинскиот тим.
Ла Лига ја прифати препораката на УЕФА и оваа сезона тимовите да имаат право на пет измени во еден натпревар.