Иако се одиграа само два натпревари во новата сезона, се почести се шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе го напушти кормилото на Манчестер Јунајтед.
Незадоволството на „Олд Трафорд“ се повеќе расте, а медиумите тврдат дека Мурињо набрзо може да добие отказ. Весникот „Дејли Мејл“ отиде чекор подалеку, тврдејќи дека клубското раководство е подготвено и со неговиот заменик. Според нивните информации, тоа ќе биде Зинедин Зидан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Легендарниот Французин моментално е без работа откако го напушти Реал Мадрид. За својот период на чело на „белите“ тој успеа да ја освои три пати Лигата на шампионите, а сега дал согласност да го води Јунајтед.
Зидан на блиски пријатели им се доверил дека очекува понуда доколку Жозе Мурињо добие отказ во следните месеци и дека е подготвен да ја прифати.