Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес имаше пресконференција пред утрешното Ел Класико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ел Класико може директно да ја одлучи битката за титулата, а Зидан верува дека во моментов Атлетико е прв фаворит за титулата.
„Атлетико е фаворит за титулата, бидејќи има предност. Ние ќе се бориме до крај, тоа цело време го зборувам. Лигата е многу изедначена и се е можно. Ова е натпревар кој носи три бода и секој натпревар е важен, само ривалството е поголемо“, изјави Зидан.
Ова би можело да биде последно Ел Класико за Меси, а Зидан верува дека тоа нема да се случи.
„Се надевам дека нема да биде така. Меси е Барселона и верувам дека ќе остане. Тоа би било важно за целиот шпански фудбал“, истакна Зидан.