Дома Топ вести Зидан сака да го сруши рекордот на Нејмар: Во Мадрид пристигнува ГОЛЕМО засилување за речиси 300 милиони евра!?

Зидан сака да го сруши рекордот на Нејмар: Во Мадрид пристигнува ГОЛЕМО засилување за речиси 300 милиони евра!?

Зинедин Зидан пристигна како спасител во Мадрид, но ниту тоа не им помогна.

„Кралевите“ беа запрени уште во четвртфиналето во Лигата на Шампионите од Ајакс, трети се во Примера, а до трофеј нема да дојдат ниту во Купот на кралевите. Ова дефинитивно е сезоната за заборав на „Сантијаго Бернабеу“. Па, токму поради тоа, Флорентино Перез планира да потроши многу пари ова лето, а наводно многу блиску до Реал Мадрид се Еден Азар, Лука Јовиќ, Пол Погба, додека се преговара и со Кристиан Ериксен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид, според последните информации, планира да ја ангажира младата ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Угледниот француски весник „France Football“ пренесува дека тренерот на Реал, кој верува дека голем дел од работата околку трансферот на Пол Погба и Еден Азар е завршена работа, му кажал на претседателот на клубот дека во тимот ја сака и младата француска сензација, кој е можеби и најдобриот напаѓач во светот во овој момент.

Исто така, споменатиот весник пренесува дека Реал е подготвен да го сруши и трансфер рекордот и платата за доаѓањето на брзиот напаѓач за неверојатни 280 милиони евра. Така би бил срушен рекордот на ПСЖ, кој летото 2017. година за доаѓањето на Бразилецот Нејмар плати 222 милиони евра на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Серија А добива нов најплатен фудбалер?

Италијанските медиуми најавуваат дека Николо Барела наскоро ќе стави потпис на нов договор…