Дома Фудбал Зидан: Роналдо си постави премногу високи стандарди!

Зидан: Роналдо си постави премногу високи стандарди!

Уште еднаш Зинедин Зидан јавно го искажа своето мислење дека неговиот напаѓач Кристиано Роналдо треба да ја освои „Златната топка“ за 2016 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот поминува низ еден од „најсушните“ голгетерски периоди, па трпи многу критики од медиумите, но Зидан смета дека Роналдо поставил премногу високи стандарди и поради тоа од него се очекува многу.

„Кристиано Роналдо е уникатен. Постави високи стандари, па сега кога нема да постигне гол луѓето се зачудени и веднаш бараат проблеми. Но мора да живее со овие работи. Тој можеби е фрустриран тоа е нормално, но не е загрижен“, изјави Зидан.

„Сите можат да видат што постигна Роналдо во 2016, како на индивидуално така и на тимско ниво. Јасно е дека ја заслужува Златната Топка”, заклучи францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сакаше да игра со Меси, сега ќе игра со него – Каземиро во Интер!

Искусниот бразилски фудбалер Каземиро ќе ја продолжи својата кариера во Интер од Мајами, к…