Дома Фудбал Зидан: Рамос беше на крајот на силите

Зидан: Рамос беше на крајот на силите

Тренерот на Реал Мадрид ја коментираше ситуацијата со повредените фудбалери, која е алармантна во „кралскиот“ клуб.

Францускиот стратег во моментов има само 12 здрави фудбалери, од кои двајца се голманите Тибо Куртоа и Андреј Лунин.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Надвор од терените поради повреда се Еден Азар, Родриго, Серхио Рамос, Валверде, Дани Карвахал, Лукас Васкез, Иско, Милитао и Алваро Одриозола.

„Имаме многу повредени, но тоа не треба да биде оправдување. Тоа се ситуации кои се случуваат во фудбалот. Имаме многу натпревари и згусната програма, затоа треба што е можно побрзо да се рехабилитираат повредените“, изјави Зидан.

Серхио Рамос вчера беше успешно опериран и ќе биде надвор од терените седум недели.

„Серхио Рамос беше на крајот на силите. Операцијата помна добро, и очекуваме да се опорави што е можно побрзо. Серхио заедно со стручните луѓе од клубот одлучија дека операцијата е најдоброто решение. Сега му претстои период на рехабилитација“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …