Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан имал разговор со агентот на Пол Погба, Мино Раиола, пренесуваат француските медиуми.
Медиумот открива дека Зидан сам ја иницирал таа средба за да го убеди Раиола дека не се откажал од Погба и дека играчот на Манчестер Јунајтед е се уште во неговите трансфер планови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зидан се обидува да го донесе својот сонародник во Мадрид веќе подолго време, Погаб е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.
Од друга страна Манчестер Јунајтед го обвинува Раиола дека им работи зад грб и цврсто стојат на ставот дека Погба ќе остане на „Олд Трафорд“.
Финансиската криза која се создаде поради пандемијата ќе придонесе да падне цената на многу фудбалери, па Реал сака да ја искористи таа сутуација.