Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната пресконференција пред мечот со Кадис беше запрашан за коментер за Суперлигата.
Реал е еден од 12-те клубови кои се основачи на Суперлигата, а претседателот на Реал, Флорентино Перес ќе биде и претседател на Суперлигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тоа е прашање за претседателот. Јас сум тука за да зборувам за мечот, за не за други работи. Останатото не е дел од мојата работа и нема да го кажам моето мислење. Мојата работа е да бидам тренер и среќен што го работам тоа“, истакна Зидан.
Зидан истакна дека Еден Азар не е 100% спремен за мечот со Кадис, а нема да може да смета и на Тони Крос.