Реал Мадрид утре го очекува натпревар против Севиља.
Со натпреварот против Севиља во рамките од 35. коло во Примера ќе продолжи борбата за шампионската трка, а пред гостувањето во Андалузија Зидан ги кажа своите очекувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знаеме што е во игра. Пред нас се четири финалиња, четири натпревари има до крај. Сакаме да заборавиме на Лигата на шампионите и да размислуваме за утрешниот натпревар“.
Зидан потврди дека Реал ќе биде без Рамос во овој натпревар.
„Серхио претрпе повреда и најважно е да оздрави. Се надевам дека и останатите работи ќе се поправат. Му посакувам што побрзо да се опорави. Тој е играч на Реал Мадрид и се натпреварува за Мадрид. Пред некој ден беше спремен 100%. После натпреварот имаше проблеми и не сакаме да ризикуваме“.
Тема беше и Азар.
„Азар знае што мора да направи на теренот и тоа ќе го направи. Разговаравме, се извини за реакцијата на мене клубот и играчите“, изјави Зидан.
Натпреварот помеѓу Севиља и Реал Мадрид се игра утре од 21:00 часот.