Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан по поразот од Шахтјор: Моите играчи се шампиони, јас сум одговорен

Зидан по поразот од Шахтјор: Моите играчи се шампиони, јас сум одговорен

Реал Мадрид доживеа изненадувачки пораз на стартот од новата сезона против Шахтјор (2:3).

Фудбалерите на шампионот на Шпанија имаа огромни 0:3 после првото полувреме, а во вториот дел успеаа да постигнат два гола, но не и да се спасат од пораз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изјавата после мечот Зинедин Зидан ја превзема одговорноста за проазот.

„Лош момент…Играчите се на терен, но јас не го видов тимот кој сакав да го видам. Кога тоа е така, тогаш грешката е моја. Добра работа е што имавме реакција во вториот дел, блиску бевме, но таков е фудбалот“.

„Моите играчи се шампиони и ова не го заслужуваат и тоа ме мачи. Одговорен сум и морам да побарам решенија“, изјави Зидан.

Во викендот кој следи Реал ќе има вистински испит затоа што овој тим ќе игра против Барселона.

„Ќе видиме. Ќе го анализираме овој натпревар, па ќе се подготвуваме за следниот. Знаеме дека сабота блиску“, завршо Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…