Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан отпиша двајца фудбалери за утрешниот натпревар во Ла Лига против Гранада.
Францускиот стратег оваа сезона многу ротира и често изненадува со изборот на екипата, односно со играчите кои ќе ги пречкрта за натпреварите, како во лигата, така и во Лигата на Шампионите. За денешниот натпревар против Гранада ги отпиша Винисиус и Васкез. Тие овој натпревар ќе го гледаат од трибините, а за разлика од натпреварот против Клуб Бриж во екипата се враќаат тројца.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа се Родригез, Бејл и младиот Родриго, кој ќе бидат ударната сила на „Кралевите“ на теренот. Реал има доста проблеми со повредите. Ги нема Начо, Марсело и Менди, па денеска на позицијата лев бек ќе игра Милитао или Одриозола.