Дома Топ вести Зидан не се откажува од Погба: Реал спреми „инетресна“ понуда

Зидан не се откажува од Погба: Реал спреми „инетресна“ понуда

Реал Мадрид спрема сериозна реконструкција на тимот ова лето, па не очекува жешко трансфер лето на „Сантаго Бернабеу“.

„Кралевите“ веќе го обезбедија потписот на Еден Азар за 100 милиони евра, но Зидан сака да донесе уште една ѕвезда од Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што подолго време се шпекулира, Зизу по секоја цена сака да го види својот сонародник Пол Погба во својот тим, а Реал веќе почна да работи на трансферот.

Според пишувањата на „Сан“, Реал Мадрид веќе ги започнал преговорите со Манчестер Јунајтед за трансфер на Погба.

Манчестер Јунајтед нема да му стои на патот на Французинот, но за неговата слобода бара 150 милиони фунти.

Реал ќе се обиде да ја намали таа сума така што сака во целиот трансфер да го вклули и Герет Бејл, за кого „црвените ѓаволи“ покажуваат сериозен интерес.

За Погба сериозно е заинтересиран и Јувентус, но „кралевите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов тро…