Дома Трансфер зона Зидан не знае ништо за трансферот на Јовиќ: Никој ништо не ми кажал!

Зидан не знае ништо за трансферот на Јовиќ: Никој ништо не ми кажал!

Лука Јовиќ договори трансфер во Ајнтрахт Франкфурт.

Потврда за трансферот стигна вчера од раководството на германскиот тим, а денеска Зинедин Зидан шокираше со својата изјава за српскиот напаѓач.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид тврди дека на него никој ништо не му кажал за заминувањето на Јовиќ.

„Лука Јовиќ е се уште тука. Не е во тимот поради повреда и никој ништо друго не ми кажал. Ќе видиме што ќе се случи.“ – изјави Зидан и додаде:

„Јовиќ е стрелец и тоа од него го сакаме. Немаше среќа, треба да се адаптира и не е воопшто лесно. Мора уште многу да учи, неговото време ќе дојде. Се работи за квалитетен играч.“

Реал Мадрид утре го игра полуфиналниот натпревар од Суперкупот против Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…