Мадридски Реал вечерва во Минхен ќе го одигра првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ против Баерн.
Актуелниот првак на Европа и оваа сезона е главен фаворит за освојување на трофејот, но пред нив е тешка препрека – минхенски Баерн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, тренерот на Кралевите Зинедин Зидан тврди дека во овој двомеч нема фаворит и дека ќе биде неизвесно до самиот крај.
„Знаеме дека може се да се случи и среќни сме што можеме да играме вакви натпревари. Јас лично уживам во ваквите натпревари. Сметам дека во овој дуел нема фаворит и ќе биде сосема различен натпревар во однос на претходната сезона. Мора да бидеме спремни физички и психички. Играчите сакаат да играат вакви натпревари и се надевам дека ќе одиграме одличен натпревар.“ – изјави Зидан.
Реал има шанса да стане првиот тим во ЛШ кој освоил три трофеи по ред, но до тој успех се уште три тешки натпревари.