Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Нема притисок, а иднината не ме интересира!

Зидан: Нема притисок, а иднината не ме интересира!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред утрешниот меч против ПСЖ во ЛШ изјави дека не размислува за иднината.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Зидан истакна дека неговиот тим одлично се припремил за овој меч и дека не постои посебен притисок во екипата.

„Задоволен сум што имаме можност да играме ваков тип на натпревари. Нема притисок. Се подготвивме добро во текот на неделата,како и секогаш. Нема потреба да демонстрирани ништо на никого. Иднината не ме интересира, истакна Зидан.

„Ова не е финале, туку двомеч од Лигата на шампиони. Утре ќе играат Реал Мадрид против ПСЖ, а не Нејмар против Роналдо. Кристиано достигна неверојатни висини, има пет Златни топки и не може да се споредуваат двајцата“.

„Мислам дека во овој елиминационен натпревар двата тима имаат подеднакви шанси, 50-50. И двата тима имаат основа да се надеваат дека ќе одат понатаму“, заклучи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…