Дома Фудбал Зидан најде замена за Бензема, а за тоа нема да потроши ниту евро

Зидан најде замена за Бензема, а за тоа нема да потроши ниту евро

Реал Мадрид го припрема теренот за летоска, кога во овој клуб се очекува големи промени што се однесува на играчкиот кадар.

Зинедин Зидан одлучи да се врати на клупата на кралскиот клуб да му помогне да се врати на самиот врв, откако оваа сезона беше една од најлошите во последниот период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот стучњак го прифати повикот од Перез, но му даде јасно да знаење дека на лето мора да обезбеди голема сума на пари за неопходната реконструкција на тимот.

На Реал му се потребни засилувања на скоро секоја позиција, а сигурно дека ќе има и многу заминувања од Бернабеу. Зидан порача дека му е потребно засилување во нападот, односно напаѓач кој може понекогаш да го замени Карим Бензема.

Кралевите тука не мора да трошат пари бидејќи на позајмица го имаат Раул де Томас, кој оваа сезона игра одлично во Рајо Ваљекано. Овој 24-годишен играч постигна 13 погодоци во Ла Лига оваа сезона и го сврте вниманието на себе.

Мадридски АС пренесува дека Зидан е одлучен да му даде шанса следната сезона, но јасно е дека Томас прво мора да го прифати фактот дека ќе биде замена за Бензема.

Зидан на располагање го има и Диаз кој летоска стигна од Лион, но најверојатно ова лето ќе го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…