Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан воопшто не сакаше да зборува за можноста „кралевите“ да бидат елиминирани од Лигата на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Утре Реал Мадрид ја пречекува Борусија Мехенгладбах во последното коло од ЛШ и во одредена ситуација потребно им е и реми на „кралевите“.
„Воопшто не мислам на Лига Европа, туку само како да се пласираме во следната фаза. Се подготвуваме за голем натпревар, знаеме дека ќе биде тешко. Позитивен сум и мислам само на победа, не не интересира реми, само трите бода“, истакна Зидан.
„Овој меч е шанса да покажеме дека сме силен тим. Сите во клубот сме навикнати на притисок. Знаеме за што играме и треба да ги совладаме емоциите и да победиме бидејќи го сакаме првото место во групата“, додаде Зидан.