Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше фасциниран од синоќешниот натпревар на својот тим против Јувентус, а посебно изведбата на Роналдо.
Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ славеше со 3:0 во Торино против Старата дама, Кристијано Роналдо постигна два погодока, а вториот ќе се памети уште долго.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот со ножички го совлада Буфон и според многумина ова е најубавиот погодок во историјата на ЛШ. Сепак, истото мислење не го дели Зидан. После натпреварот новинарите го прашаа кој гол е поубав – на него против Леверкузен или овој на Роналдо.
„Ох, мојот. Дефинитвно мојот.“ – порача Зидан низ смеа, а потоа даде коментар за натпреварот: „Не е лесно да постигнеш три гола против Јувентус. Одигравме одличен натпревар, но и Јуве исто така играше добро. Нормално дека не се среќни поради резултатот, но Јуве секогаш ќе биде во моето срце.“
„Кристијано Роналдо е различен од другите. Тој е различен и секогаш има желба да направи нешто неверојатно во ЛШ. Неговите ножички беа неверојатни, но промаши и две одлични прилики, тоа е фудбалот.“