Дома Фудбал Зидан: И сега едвај го бирам составот, зошто ми се нови фудбалери?

Зидан: И сега едвај го бирам составот, зошто ми се нови фудбалери?

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан уште еднаш потврди дека нема да донесе засилувања до крајот на преодниот рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид ова лето продаде неколку фудбалери, а не донесе ниту едно засилување.

„Трансфер пазарот е отворен до 5 октовмри и по принцип може се да се случи. Но, јас сум среќен со тимот со кој располагам. Зошто ми се нови играчи, и без тоа во моментов тешко ми е да изберам кој ќе биде стартер, а кој ќе седи на клупата“, истакна Зидан.

„Дали еден од Јовиќ или Мајорал ќе го напушти клубот? Станува збор за комплексна одлука. Зависи од многу нешта. Засега и двајцата се во тимот и тренираат добро, тоа за мене е најважно“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Шкендија Арачиново нокаутира ривал од Брегалница (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново во Штип заврши нерешено (1-1), но дуелот …