Дома Топ вести Зидан и Перез во клинч, причина ѕвездата од Премиер лигата!

Зидан и Перез во клинч, причина ѕвездата од Премиер лигата!

Нема мир во Реал Мадрид, пристигнаа Милитао, Родриго, вчера и Јовиќ, се финишира работата околу Менди, а Челзи и понатаму одолговлекува, одбиени се две понуди за Еден Азар, околу 100 милиони евра.

Но, Зидан не се откажува, по секоја цена го сака Погба, иако Јунајтед бара 150 милиони евра, и не се согласува Бејл или Иско да влезат во целата зделка. Перез за време на финалето во Мадрид се сретнал со Даниел Леви, тој смета дека Ериксен е добро решение, двојно поефтин од Погба, влегува во последната сезона од договроот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Но, Зидан не го сака Данецот, наводно му семта тоа што секогаш игра слабо на големи натпревари, дека е премногу сличен на Модриќ и дека потребен му е посилен и повисок тип на играч, како Погба. Копјата се кршат веќе неколку недели, проблемот на Реал е што мора да продаде за да купи, бидејќи треба да вложи огромни пари, а не успева да се ослободи од некои играчи.

Реал има план да продаде или да позајми дури 14 фудбалери, а веруваат дека би можеле од тие трансфери да заработат 300 милиони евра. Но, од тоа нема ништо, Бејл кој чини 80, Иско кого проценуваат на 100, Себаљос, Регуљон, Ернандез, Маријано, Љоренте, Одегард и уште некои тешко дека можат да ја наполнат касата со толку пари.

Поради тоа Перез не гледа како во исто време може да ги доведе Азар кој е прва желба на Зидан, но и Погба, бидејќи трошоците за трансфер периодот би чинеле околу 500 милиони евра. Погба инаку чека, му рекол „да“ и на Јувентус, меѓутоа, и тие немаат 150 милиони, но имаат играчи како Дибала за кого Солскјер е заинтересиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…