Дома Македонски спорт Мак фудбал Зидан и легендите в сабота ќе му кажат „збогум“ на нашиот Николче Новески

Зидан и легендите в сабота ќе му кажат „збогум“ на нашиот Николче Новески

Николче Новески в сабота ќе одигра ревијален меч во своја чест и тоа на стадионот во Мајнц.

Со оглед на тоа дека македонскиот интернационалец беше 11 години дел од составот на германскиот тим, клубот одлучи да му направи спектакуларно збогум.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајнц на својата официјална страна ги објави и составите кои ке настапат на ревијалниот меч.

Новески ќе настапи во ист состав со Кариус, Кресиќ, Свенсон, Бел, Вигелт, Забавник, Поспеч, Кархан, Сото, Крами, Полански, Хелер, Румас, Вејлад, Холтби, Алаги, Класниќ, Балак и Гевинер.

Притивничкиот состав на нашиот Новески ќе го сочинуваат Вахе, Веткло, Фридрих, Суботиќ, Бунгерт, Росе, Дијаз, Бабац, Пековиќ, Гејс, Гункел, Гербер, Амри, Вејланд, Силва, Зидан, Турк и Ојер.

Дел од составите ќе бидат и стратезите Тухел, кој ќе го претставува тимот на Николче Новески, додека на спротивната страна предводник ќе биде големото име кој во моментов е дел од Ливерпул, Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …