Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Играчите на Ливерпул не играле финале, па што? Тие ќе бидат спремни да дадат се!

Зидан: Играчите на Ливерпул не играле финале, па што? Тие ќе бидат спремни да дадат се!

zidane

Финалето во Лигата на шампионите во Киев утре го играат актуелниот освојувач Реал Мадрид и Ливерпул.

Зинедин Зидан кој го предводеше Реал до титулата шампион на Европа во последните две години, смета дека за играчите на Ливерпул воопшто нема да биде проблем тоа што никој од нив не играл во едно финале од ова натпреварување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кој може да каже да дека Ливерпул е повеќе гладен за победа од нас? Ние имаме прилика и трет пат во низа да бидемем шампиони на Европа!“, потенцираше Зидан и продолжи:

„Ме нервира кога слушам како се зборува дека искуството е наша голема предност. Тоа што сме поискусни, не значи апсолутно ништо. Зборуваат дека никој од играчите на Ливерпул не играл во едно финале. Па што? Тие ќе излезат на теренот и ќе бидат спремни да дадат се, ние мораме да го очекуваме тоа. Нема врска што ја освоивме Лигата на шампионите минатата година, Ливерпул ја чека веќе 13 години“, изјави Французинот.

Финалето од Лигата на шампионите се игра во сабота со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…