Позицијата на Зинедин Зидан можеби и не е баш најсигурна поради променливата игра на Реал Мадрид, а Французинот сега зборуваше за тоа кој би можел еден ден да го води Реал.
Зидан овие денови се наоѓа под голем притисок на медиумите, а тој предвидува дека неговиот поранешен соиграч, Раул Гонзалес еден ден ќе го води Реал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раул е клупска легенда на „кралевите“ и за овој клуб постигна 323 голови на 741 натпревар во периодот од 1994 до 2010 година. Освои 16 титули, помеѓу кои беа шест во Ла Лига и три во Лигата на шампионите.
Во овој момент Раул е тренер на резервниот тим на Реал, а Зидан верува дека ќе ги следи неговите стапки и еден ден ќе дојде до првиот тим.
„Играв заедно со него и секогаш беше важен играч на овој клуб. Сигурен сум дека еден ден ќе го тренира Реал Мадрид“, изјави Зидан.
Раул од јуни е тренер на Кастиља и тој тим под негово водство запиша три победи во 10 натпревари.