Дома Фудбал Зидан за скандалот со Бензема: Јас сум со него!

Зидан за скандалот со Бензема: Јас сум со него!

Карим Бензема ќе се најде пред суд откако беше обвинет дека бил соучесник во уцена на поранешен соиграч од репрезентацијата Матје Валбуена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бензема е осомничен дека бил дел од група која на Валбуена му барале 150.000 евра со цел да не ги објават снимките во јавноста од секс со непозната девојка.

За ова денеска зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој истакна дека во целост го поддржува својот напаѓач.

„Јас сум со него. Најважно е што тој е добро и да го игнорира тоа. Максимално е фокусиран на она што го сака, фудбалот и семејството.“ – изјави Зидан.

Не е познато кога Бензема ќе се појави пред судот, но извесно е дека мора да се пријави на повикот.

Поради овој скандал Бензема беше исфрлен од репрезентацијата на Франција и веќе неколку години не е дел од тимот кој го предводи Дешамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…