Дома Фудбал Зидан го откри главниот проблем на Реал: Тоа многу ме вознемирува!

Зидан го откри главниот проблем на Реал: Тоа многу ме вознемирува!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми со повреди од стартот на сезоната.

Од почетокот на сезоната се повредија многу фудбалери, меѓу кои Герет Бејл, Еден Азар, Тони Крос, Менди, Лука Модриќ, Марсело…

„Имаме премногу повредени фудаблери. Ние се грижиме за нив, но и покрај тоа не може да се избегнат повредите. Тоа во моментов е најголемиот проблем на клубот и се надевам дека нови повреди нема да ни создадат дополнителни проблеми“, кажа Зидан.

„Не сакам моите фудбалери да бидат повредени, но за жал и тоа е дел од фудбалот. Навистина ваквата ситуација многу ме вознемирува. Не вреди ништо од нашата напорна работа, ако продолжиме со ваквите малери“, додаде Зидан.

Дури 13 фудбалери на Реал Мадрид се повредија од претсезоната до денес. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малиот Урош од Бања Лука со цртеж на Джека го обедини регионот

Седумгодишниот Урош од Бања Лука го нацрта својот идол Едина Џека како се крсти, што преди…