Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Гледам нешта кои другите не можат да ги видат!

Зидан: Гледам нешта кои другите не можат да ги видат!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е загрижен поради слабите резултати и слабата ефикасност на неговиот тим.

Зизу на пресконференцијата пред утрешниот меч со Борусија Дортмунд истакна дека е свесен за проблемите кои ги има тимот, но гледа нешта кои другите не можат да ги видат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Бараме решение за проблемот со головите. Тоа е фудбалот, понекогаш сериите завршуваат побавно. Едноставно имаме потреба од континуитет“, изјави Зидан.

„Не сум загрижен поради критиките. Тие се нормални за нашата работа. Меѓутоа јас гледам нешта кои другите не можат да ги видат. Секој може да има свое сопствено мислење. Ситуацијата не е перфектна, тоа го знаеме, но работиме да се подобриме“.

„Знаеме дека веќе се пласиравме во следната фаза од ЛШ, но и покрај тоа сакаме да одиграме добар натпревар против Бирусија и да победиме“, додаде францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…