Реал Мадрид вчера го победи Гетафе со 3:1 и е подготвен е за реваншот од осмина финалето во Лигата на Шампионите против ПСЖ.
Меѓутоа, Зинедин Зидан има доста проблеми со играчите, иако пред недела дена се повреди Нејмар и делуваше дека ПСЖ е практично отпишан, сега медиумите им даваат поголема шанса.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Зидан потврди дека Тони Крос и Лука Модриќ се под огромен знак прашалник за натпреварот на „Паркот на принцовите“, дури денеска започнаа да тренираа, а Кристиано Роналдо вчера го напушти теренот во 79. минута, а камерите не го пропуштија моментот кога се жалеше на болка во листот. За сега нема информации за што станува збор, Зидан најверојатно нема да ризикува, но Роналдо сигурно нема да дозволи да го пропушти овој натрпевар.
Реал има предност од 3:1, а натрпеварот на „Паркот на Принцовите“ на програмата е во вторник од 20:45.