Дома Топ вести Зидан ги демантира шпекулациите: Тоа е чиста лага!

Зидан ги демантира шпекулациите: Тоа е чиста лага!

Зинедин Зидан ги демантираше гласините кои беа објавени дека им кажал на играчите дека на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинот беше видно лут поради таквите шпекулации и категорично ги демантираше.

„Како би можел сега да им кажам на фудбалерите дека си одам? Среде жестока битката за титулата, а јас така ладно и попат да им речам: „толку е, си одам“. Луѓето надвор од клубот може да зборуваат што сакаат, ама јас вакво нешто на своите фудбалери не можам да им кажам“, изјави Зидан.

„На крајот на сезоната ќе видиме што ќе се случи, ама моментно фокусот е само на последниот меч. Сега не е време да се зборува за иднината, зашто сѐ е насочено кон најважниот меч сезонава. Се друго е само чиста лага и ништо повеќе“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Желби кои треба да се исполнат: Кого сè Мурињо сака во Реал!

Жозе Мурињо, кој се очекува со голема извесност да стане новиот тренер на Реал Мадрид, веќ…