Дома Фудбал Зидан: Во моментов најважни се резултатите, не играта

Зидан: Во моментов најважни се резултатите, не играта

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан остана задоволен од победата над Ваљадолид со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол на мечот го постигна Винисиус, кој влезе на местото на Лука Јовиќ.

„Задоволен сум од Винисиус, исто колку и од Лука Јовиќ. Не можам да кажам ништо бидејќи се уште е отворен трансфер пазарот. Се може да се случи, но видовте дека сметам на него денес“, изјави Зидан.

„Во моментов не можеме да експериментираме, поважни се резултатите отколку играта. Се разбира дека имаме многу да се подобруваме, на пример дека ја губевме топката во сопствената половина“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера Струмица избра нов тренер!

Брера Струмица го промовираше Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на стручниот штаб, доверувајќи му ј…