Дома Фудбал Зидан: Во деликатен момент сме, но ова е посебен меч! (видео)

Зидан: Во деликатен момент сме, но ова е посебен меч! (видео)

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред утрешното Ел Класико призна дека неговиот тим не е во најдобар период, но најважно е утре да се покаже во најдобро светло.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал во последните неколку меча одигра лошо и ја загуби лидерската позиција, па сега заостанува два бода зад Барселона.

„Ситуацијата е комплицирана, поточно немаме добри резултати, но тоа се случува и може да заиграме подобро. Вие новинарите правете ја вашата работа, а јас мојата. Имало лоши резултати, но јас имам сила да продолжам“, порача Зидан.

„Рецептот за Ел Класико е срце, глава и пожртвуваност. Ова е посебен меч и сметам дека мојот тим ќе одигра одличен меч утре. Вистина е дека сме во деликатен момнет, но едноставно треба да бидеме со позитивен дух. Утре играме натпревар кој може да даде пресврт на сезоната“, заклучи тренерот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …