Дома Фудбал Италија Зидан веќе знае кој ќе биде негов следен клуб

Зидан веќе знае кој ќе биде негов следен клуб

Зинедин Зидан после заминувањето од Реал Мадрид сигурно следната сезона ќе се одмара од фудбал и воошшто нема да ги слуша понудите.

Меѓутоа, француските и италијански медиуми се убедени дека негов следен клуб ќе биде Јувентус. Имено, раководството на „бјанконерите“ веќе стапило во контакт со Французинот и го уверило дека кога ќе сака да му се врати на фудбалот го чека столчето на „старата дама“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Зидан помина одличен период во Јувентус, таму ја доживеа фудбалската афирмација и никогаш не ја крие наклонетоста кон „бјанконерите“.

Ова за Алегри сигурно ќе биде последната сезона на клупата на Јувентус, без оглед каков ќе биде исходот, а главен кандидат за негов наследник е токму Зинедин Зидан.

Во меѓувреме еден од најдобрите пријатели на Зизу кој живее во Торино вели дека нема соменж дека Французинот ќе се врати во Јувентус.

„Зизу го обожава градот, му се допаѓа што е мирно и тивко. И кога играше беше во пижами уште во 9 навечер, а и сега е таков. Јувентус остана во неговото срце и сигурно ќе се врати“, изјави неговиот пријател кој е сопственик на еден од најпознатите ресторани во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…