Маурицио Сари имаше одличен старт со тимот на Челзи, но во последно време поради лошите резултати на клубот се најде под притисок од јавноста.
Веќе неколку недели низ медиумите констатно се пишува за можен отказ на Сари во Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неодамна шпански „АС“ пишуваше за незадоволство во соблекувалната на Челзи.
Соблекувалната на Челзи му го сврти грбот на Маурицио Сари, барем така тврди мадритски „АС“. Италијанецот повеќе не може да смета поддршката на играчите, а пред се од оние со поголем авторитет.
„Играчите не ги разбираат италијанските методи и не им се прифатливи и таквата ситуација започна да се гледа и на теренот“, пишуваше неодамна „АС“.
Денес британски „Сан“ пишува дека еден од главните кандидат за клупата на Челзи е Зинедин Зидан и според нивните информации Французинот поставил два услова за да седне на клупата на „сините“.
Првиот услов за многумина е и очекуван – останување на првата ѕвезда на тимот на Еден Азар кој на големо се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Ова не би требало да биде проблем затоа што познато е дека Белгиецот има желба за соработка со францускиот стратег кој имаше голем успех со „кралевите“ во Лигата на шампионите.
Вториот услов за Зидан бил буџетот за трансфери. Зидан сака да има гаранција дека клубот ќе му овозможи финансии за да изгради тим кој ќе се бори за сите трофеи и за таа цел смета дека би му биле доволни 200 милиони евра.
Сега останува да видиме доколку Сари навистина добие отказ дали клубот од Лондон е спремен да му ги исполни барањата на Французинот.