Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја коментираше големата победа над Леганес синоќа на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зидан беше задоволен од прикажаното на тимот, но ги коментираше и индивидуалните залагања на некои фудбалери.
„Бензема игра како секогаш. Важно му е да дава голови, има потреба од тоа, бидејќи тој е нашата деветка. Карим покрај со голови допринесува уште со многу друго и прави многу повеќе работи од останатите“, истакна Зидан.
„Не знам кога ќе можам да му дадам одмор на Каземиро. Среќен сум од играта на Родриго и Јовиќ. Лука имаше потреба од овој гол, тој одигра важна улога во смената на Бензема“, додаде Французинот.