Дома Фудбал Останато Зенит изненади: Од затворска ќелија директно на потпишување нов договор!

Зенит изненади: Од затворска ќелија директно на потпишување нов договор!

Руски Зенит донесе навистина неочекувана одлука.

Раководството на рускиот клуб одлучи да му понуди нов договор на фудбалерот Александар Кокорин кој во овој момент се наоѓа во затвор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кокорин е во притвор после еден напад во едно кафуле заедно со Павел Мамаев. Тие добија привремени затворски казни кои им истекуваат на 25-ти септември.

Она што е изненадувачки е што во Зенит не им пречи тоа што Кокорин е зад решетки. Имано, тие му понудиле нов договор и тој по отслужувањето на казната ќе се придружи на првиот.

Сепак, многу лесно може да се случи целиот договор на Кокорин да пропадне затоа што тој се уште не добил конечна пресуда за направениот скандал и пресметката со гостите. Максималната казна која може да ја добијат изнесува пет години.

https://youtu.be/N9V7983uBUY

Кокорин фудбалер на Зенит е од 2015 година. Неговиот актуелен договор со рускиот клуб му истекува во јуни, а во кариерата овој 29 годишен фудбалер одигра вкупно 92 натпревари и постигна 34 погодоци.

Зад своето име Кокорин кој е далеку попознато име од неговиот „партнер“ има и долгогодишно искуство во репрезентацијата. Имено, тој за Русија одигра 48 натпревари и беше стрелец на 12 голови. Треба да се истакне и дека ги помина сите младински категории на оваа земја.

Со евентуална поголема затворска казна неговата кариера многу лесно би можела да заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве кога ќе се играат полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите

Откако се одиграа реваншите од сите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, позн…